Ѓурчески: Заокружете 6 за иднината која ни припаѓа
- Програмските определби на Левица се насочени кон зголемување на можностите за вработување на младата популација и зајакнување на капацитетите на противпожарната територијална единица. Предвиден е и нов Детален урбанистички план за центарот на Македонски Брод.
Скопје, 3 октомври 2025
Вчера кандидатот за градоначалник Марјан Ѓурчески заедно со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, носителот на советничката листа, Жарко Тодороски и дел од кандидатите за советници од Левица имаа средби со жителите на Македонски Брод. Настанот помина во позитивна атмосфера, со директна презентација на програмата и идеите на партијата за развој на општината, стои во соопштението на Левица што МИА го пренесува во интегрална форма.
Програмските определби на Левица се насочени кон зголемување на можностите за вработување на младата популација и зајакнување на капацитетите на противпожарната територијална единица. Предвиден е и нов Детален урбанистички план за центарот на Македонски Брод.
Дополнително, акцент се става на поттикнување на културни настани и поддршка на талентирани ученици. Во програмата е вклучено и совесно управување со отпадот, како и зачувување на квалитетот на воздухот и водите на реката Треска.
„Мојата визија е во Македонски Брод да се создадат нови можности за вработување на младото и квалификувано население, градот да добие нов урбанистички лик и да се унапреди квалитетот на образованието. Целта ми е Македонски Брод да го сочува својот автентичен природен изглед, да стане пример за естетика на јавниот простор и да обезбеди прогрес на локалниот економски развој. Поддршката на политиките на Левица мора да биде препознаена – народот сега треба да го заокружи бројот 6 за да ја добиеме иднината која ни припаѓа“, изјави кандидатот за градоначалник, Ѓурчески.
Фото: Левица