• среда, 02 октомври 2024

Ѓуриќ: Потребна ни е промена на парадигмата на Западен Балкан

Ѓуриќ: Потребна ни е промена на парадигмата на Западен Балкан

 Белград, 1 септември 2024 (МИА)- Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска на министерскиот состанок на Берлинскиот процес изјави дека на регионот на Западен Балкан му треба промена на парадигмата и префрлање на фокусот од она што нè дели на она што не обединува, јави дописникот на МИА од Белград.

Според Ѓуриќ, Берлинскиот процес е еден од клучните формати за зајакнување на регионалната соработка и развој, што директно придонесува за процесот на европските интеграции на Западен Балкан.

-Актуелните политички лидери имаат одговорност да го претворат потенцијалот на регионот во капацитет и шанса да ја претворат перспективата во реалност. Ова најдобро ќе го претстави Западен Балкан како доверлив партнер и ќе го забрза нашиот пат кон Европската унија, изјави Ѓуриќ во Берлин, се наведува во соопштението на српското МНР.

Според него, Србија придава големо значење на Берлинскиот процес кој создава услови за поблиско поврзување на луѓето и посилна економска интеграција во регионот, а особено е важно младите од целиот регион да имаат можност да студираат и да работат во било кој дел од Западен Балкан.

Ѓуриќ посочи дека од почетокот на Берлинскиот процес се направени бројни позитивни чекори во унапредувањето на регионалната соработка, вклучително и формирањето на Регионалната канцеларија за младинска соработка и потпишувањето на договорот за формирање Транспортна заедница на Југоисточна Европа.

-Србија со силниот економски развој дава пример и на дело покажува дека е вистински заинтересирана за соработка и поблиска регионална интеграција преку конкретни проекти и мерки, рече Ѓуриќ.

Шефот на српската дипломатија истакна дека покрај фокусирањето на иднината, неопходно е одлучно да се работи и на решавање на проблемите наследени од минатото.

об
фото МНР Србија

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан