• четврток, 04 декември 2025

Ѓокереш се договори со Арсенал

Ѓокереш се договори со Арсенал

 

Лондон, 2 јули 2025 (МИА) – Напаѓачот на лисабонски Спортинг, Виктор Ѓокереш, се договори за договор со Арсенал, објави денеска италијанскиот новинар Николо Шира.

Според истиот извор, шведскиот репрезентативец ќе потпише договор со премиерлигашот од северен Лондон до летото 2030 година.

Манчестер Јунајтед претходно покажа интерес за Ѓокереш, но играчот одби да се пресели во клуб кој нема да игра во Лигата на шампиони во новата сезона.

Минатата сезона, 27-годишниот Швеѓанец одигра 52 натпревари во сите конкуренции во дресот на Спортинг, постигнувајќи 54 голови, а додаде и 13 асистенции.

Ѓокереш има договор со Спортинг до крајот на јуни 2028 година. Неговата пазарна вредност се проценува на 75 милиони евра. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан