Шчесни го продолжи договорот со Барселона
- Полскиот голман Војчех Шчесни го продолжи договорот со Барселона за уште две сезони до 30.јуни 2027 година, соопшти шпанскиот клуб
Барселона, 7.јули 2025 (МИА) - Полскиот голман Војчех Шчесни го продолжи договорот со Барселона за уште две сезони до 30.јуни 2027 година, соопшти шпанскиот клуб. Шчесни минатата година соопшти крај на кариерата, но во октомври 2024 година на повик на Барселона се реши да застане на голот на каталоскиот клуб, откако нивниот прв голман Андре тер Штеген се здоби со повреда, која на подолг период го оддалечи од тимот
- Договорот доаѓа како резултат на една одлична сезона, а Пољакот се покажа дека и натаму е еден од најдобри голмани во Европа, иако привремено објави крај на кариерата, објавија на сајтот на Барселона.
Ланската сезона на 30 натпревари во сите натпреварувања, Шчесни на 14 натпревари беше не совладан, а Барселона освои три титули: Ла Лига (првенство на Шпанија), Куп и Суперкуп на Шпанија. мн/
Фото: ЕПА