• петок, 22 ноември 2024

Шунтаро Таникава - почесен член на Друштвото на писателите на Македонија

Шунтаро Таникава - почесен член на Друштвото на писателите на Македонија
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Според досегашната повеќегодишна практика и соработка на Друштвото на писателите на Македонија и Струшките вечери на поезијата, и годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, јапонскиот поет Шунтаро Таникава ќе биде прогласен за почесен член на ДПМ.

Како што соопштуваат од Друштвото на писателите на Македонија, признанието во име на лауреатот ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава.

Овој чин ќе се одржи во Струга во рамките на Струшките вечери на поезијата, а признанието за почесен член ќе го врачат претседателот на Друштвото на писателите на Македонијс Христо Петрески и претседателката на Собранието на ДПМ Кристина Николовска.

Годинашното 61. издание на Струшките вечери на поезијата ќе биде отворено вечер, во Струга, со читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган. Поради најавите за дожд наместо на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, свеченоста ќе се одржи на терасата во хотелот „Дрим“. вг/  

Остани поврзан