• петок, 05 декември 2025

Штипскиот Театар со претставата „Пијани - литургија zero“ вечерва ќе настапи на фестивалот „Отело“ во Гостивар

Штипскиот Театар со претставата „Пијани - литургија zero“ вечерва ќе настапи на фестивалот „Отело“ во Гостивар

Штип, 23 септември 2025 (МИА) – Народниот Театар Штип (НТШ) ќе настапи на престижниот Меѓународен театарски фестивал „Отело“ во Гостивар, вечерва во 20:00 часот, со претставата „Пијани - литургија zero“ од Иван Вирипаев, во режија на Дејан Пројковски, информираат во писменото соопштението од Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип.

Посочуваат дека ова гостување претставува значаен момент за штипскиот Театар, бидејќи фестивалот „Отело“ е едно од најважните културни случувања во регионот кое овозможува размена на уметнички искуства и приближување на современиот театар до нова публика.

-Претставата „Пијани - литургија zero“ со својот уникатен стил и актерска игра на ансамблот на Театар Штип ја освојува публиката со искреност, духовитост и длабока порака. Настапот во Гостивар е уште едно признание за континуираната работа на нашиот ансамбл и потврда за уметничкиот квалитет кој го негува Театар Штип ,се вели во соопштението од НТШ. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан