• недела, 22 декември 2024

Штипската Противпожарна единица во функција го става и новото возило од „Операција Флоријан“

Штипската Противпожарна единица во функција го става и новото возило од „Операција Флоријан“

Штип, 3 октомври 2024 (МИА) - Штипската Противпожарна единица од денеска во функција го става новото противпожарно возило, со опрема и скала од 12,5 метри, кое е донација од Здружението „Операција Флоријан“ од Велика Британија. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов на денешната прес-конференција истакнаа дека за штипските пожарникари од „Операција Флоријан“ ова е втора донација на возило и опрема.

-ТППЕ-Штип е поголема единица и оперира на поголема територија и има потреба од нова и современа опрема со којашто ќе делува и интервенира. Навистина ми е задоволство што комуникацијата којашто ја имавме со оваа здружение, еве по вторпат во 2024 година добиваме уште едно возило, со коешто значително ќе се подобри состојбата со возилата и опремата, вели Јорданов.

Командирот на ТППЕ-Штип, Ренџов посочи дека новото возило располага со опрема за интервенирање при сообраќајни несреќи, елеци за спасување на давеници и скала од 12,5 метри.

-ТППЕ-Штип во моментов располага со пет теренски возила, камиони и два џипа, а новото противпожарно возило е опремено со нова современа опрема за интервенции, вели Ренџов.

Инаку штипските пожарникари една недела биле на обука, со цел полесно да управуваат, но и да ја користат опремата со возилото. вдј/дма/

Фото: МИА

         

 

Остани поврзан