• среда, 27 ноември 2024

Шранер Бургенер: На Мјанмар и се заканува граѓанска војна

Шранер Бургенер: На Мјанмар и се заканува граѓанска војна
Њујорк, 1 април 2021 (МИА) - Специјалната пратеничка на Обединети нации за Мјанмар, Кристин Шранер Бургенер предупреди дека земјата се соочува со евентуална граѓанска војна и го повика Советот за безбедност на „потенцијално значителна акција“ за смена на воената хунта и обнова на демократијата. - Тоа може да се случи под наш надзот и неуспехот да ја сречиме понатамошната ескалација на злосторствата светот долгорочно многу ќе го чини отколку кога би инвестирале во превениција, посебно со помош на соседите на Мјанмар и поширокиот регион, остакна Шранер Бургенер во онлајн обраќањето пред СБ на ОН. Таа апелираше СБ да ги „разгледа сите достапни средства за преземање на колективна акција“ поради „спречување на мултидимензионална катастрофа во срцето на Азија“. Шранер Бургенер посочи дека од 1 февруари откако беше извршен воен удар и прогласена вонредна состојба, уапсени 2.729 луѓе, а убиени се 536 лица. СБ на 10 март повика на обнова на демократијата во Мјамар и остро го осуди насилството врз мирните демонстранти. Власат во Мјанмар вчера објави еднострано едномесечно примирје, со исклучок на акциите кои ја нарушваат безбедноста на владата и административните операции, што најверојатно се однесува на масовното движење против воената хунта. ми/

Остани поврзан