• сабота, 06 декември 2025

Шпаркасе банка генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига

Шпаркасе банка генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига

Скопје, 22.јули 2025 (МИА) - Шпаркасе Банка АД Скопје и Кошаркарската федерација на Македонија официјално потпишаа договор за соработка, со кој Шпаркасе Банка АД Скопје станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига

Договорот претставува значаен чекор кон поддршка и унапредување на женската кошарка во државата. - Драго ни е што денес стоиме зад еден исклучително значаен чекор за македонскиот спорт. Партнерството со КФСМ е потврда на нашата долгорочна заложба за еднаквост и инклузивност, вредности што се длабоко вградени во корпоративната култура на Шпаркасе Банка. Преку ова спонзорство, сакаме да дадеме ветер в грб на иднината на женскиот спорт и сакаме да пратиме јасна порака: До вас стои партнер што верува, поддржува и создава услови за успех – изјави Александар Џорџевиќ, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Со ова партнерство, Шпаркасе Банкапрезема улога на двигател на позитивна промена. 

-  Нашата визија отсекогаш била создавање рамноправни услови за развој на сите категории и овој договор е голем чекор во таа насока.  Со новото име „Sparkasse Life Прва лига жени“, женската кошарка добива нов идентитет, нова енергија и заслужено внимание. Заедно, праќаме јасна порака дека веруваме во потенцијалот на жените во спортот и дека сме тука да го поддржиме нивниот пат до врвот“ – изјави Младен Ѓуроски, потпретседател на КФСМ.    мн/

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

 

Остани поврзан