• петок, 22 ноември 2024

Шпан: Борбата против коронавирусот е „тимска игра“

Шпан: Борбата против коронавирусот е „тимска игра“
Берлин, 13 јули 2020 (МИА) - Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави денеска дека борбата против коронавирусот е „тимска игра“ во која е потребна соработка на граѓаните. Тој укажа дека бројот на новозаразени во Германија и натаму се наоѓа на ниско ниво, но додаде дека пандемијата сè уште не поминала. Шпан рече дека не постои сигурност дека нема да има втор бран - Подготвени сме за можно зголемување на бројот на заразени, подобро отколку на почетокот на пандемијата, рече Шпан, додавајќи дека само минатата недела биле тестирани околу половина милион луѓе. Тој информира дека повеќе од 15,5 милиони Германци веќе ја инсталирале апликацијата за предупредување од коронавирусот. Шпан притоа ги предупреди Германците да бидат внимателни во однос на летниот годишен одмор. - Пандемијата не е помината, се наоѓаме насред неа. Германците треба да останат внимателни за да не избувне втор бран во Германија. Тоа им го должиме на оние кои дадоа голем придонес - на претпријатијата, родителите и граѓаните кои мораа да се откажат од многу работи, рече германскиот министер за здравство. Шпан побара од граѓаните да држат физичка дистанца и да носат маски каде што е потребно. Минатата недела во Германија се тестирани половина милион луѓе, што е за 175.000 тестови повеќе од пред четири недели. паг/  

Остани поврзан