• недела, 22 декември 2024

Во Шпанија годинава забележан најтоплиот август во историјата

Во Шпанија годинава забележан најтоплиот август во историјата

Мадрид, 3 септември 2024 (МИА) - Во Шпанија оваа година е забележан најтоплиот август во историјата, со просечна температура од 25 степени, објави националната метеоролошка агенција Амет.

„Овој август беше најтоплиот месец во историјата на Пиринејскиот Полуостров“, објави агенцијата на социјалната мрежа Икс.

„Со просечна температура од 25 степени, овој август беше 2 степени над просечната температура забележана од 1991 до 2020 година и надмина за две десетини од степен од август 2003 и 2023 година, кои беа најтопли августовски месеци досега“, додава агенцијата.

Со оглед на податоците забележани во првите осум месеци од годината, 2024 година би требало да биде „најтоплата година досега, на исто ниво со 2022 година“, додава Амет.

Четирите најтопли години забележани во Шпанија би можеле да се покажат како последните четири, објави агенцијата.

Според истиот извор, 2022 и 2024 година покажуваат просечна температура од 15,8 степени, „тесно следени од 2023 и 2020 година со 15,7 степени“.

Иако Шпанија е навикната на високи температури, таа сè почесто доживува топлотни бранови, понекогаш и надвор од летните месеци, што ги загрижува научниците. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан