• петок, 22 ноември 2024

Шкендија и Гури ја прекинаа соработката

Шкендија и Гури ја прекинаа соработката
Тетово, 15 август 2022 (МИА) – Актуелниот македонски фудбалски вицешампион Шкендија постигна меѓусебен договор со својот досегашен напаѓач Синдрит Гури за прекин на соработката. Гури дојде во редовите на тетовскиот прволигаш во септември лани и беше главен играч во нападот на Шкендија, постигнувајќи решавачки голови во домашното првенство и натпреварите во европските натпреварувања. - Изразувам благодарност до соиграчите, стручниот штаб и навивачите за поддршката што ми ја даваа за време на мојот престој во Шкендија и Тетово. Горд сум што имав можност да дадам сè од себе за „црвено – црниот“ дрес, изјави попладнево Гури за клупскиот сајт. Шкендија минатата недела на пенали беше елиминирана од шведски АИК во третото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига, откако претходно ги елиминира ерменски Арарат и Велмеира од Летонија. ег/вј/

Остани поврзан