Шилегов: Скопјани ќе го добијат најголемиот забавен парк во регионот за нула денари
- Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје Петре Шилегов денеска на прес-конференција го презентраше новиот забавен парк, кој ќе се наоѓа на местото на стариот Луна парк и чија изградба не
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје Петре Шилегов денеска на прес-конференција го презентраше новиот забавен парк, кој ќе се наоѓа на местото на стариот Луна парк и чија изградба нема да има буџетски импликации врз Градот Скопје.
Една и пол година по одлуката на Советот да се одложи изградбата на паркот, денеска Шилегов најави дека неговата изградба ќе почне на крајот на оваа година.
- За забавниот парк градот има завршено проект, обезбеден буџет, соодветен план за јавни набавки и соодветна локација за градба, информира Шилегов.
Забавниот парк, како што појасни, ќе се наоѓа на местото на стариот Луна парк, на иста парцела, со иста големина и со ист број на дрвја, бидејќи, како што рече, проектот го проектирале внимателно со цел да ја заштитат животната средина во градскиот парк. Предвидени се 27 реквизити, односно содржини за три различни возрасти на граѓани - детски дел, семеен дел и екстремен, адреналински дел.
- Адреналинските содржини ќе бидат користени и од повозрасните, како на пример ролеркостер, кој ќе биде најголем на Балканот, а ќе можат да го користат и возрасните. Паркот може да прими повеќе од 3000 постетители секој ден или преку милион посетители годишно. Ќе биде изграден по стандарди за квалитет и безбедност. Покрај реквизитите предвидуваме содржини на ресторани, сувенирници, тоалети, друг тип продавници и придружни содржини за пристоен престој на посетителите, информира Шилегов.
Тендерот, како што рече тој, ќе го распишат после изборите, а паркот треба да биде готов летото 2023 година, односно за 18 месеци.
- Креираме нови работни места, ја помагаме локалната економија, проектот е целосно самоодржлив, за реализација на овој проект ќе се бара инвеститор кој ќе го финансира овој проек и нема да има буетски импликации врз градот. Еднаш кога ќе почне да работи сам ќе се исплати. Се очекува паркот да се исплати за три години од неговото зпаочнување со работа. Скопјани го добиваат најдобриот парк во регионот за нула денари, информира Шилегов, додавајќи дека планирани се најмалку 200 вработувања во новиот забавен парк.
Со ова, според Шилегов, Скопје станува регионален туристички центар, а најави дека на местото на сегашните бараки, бидејќи е во тек постапката за набавка на нова градска куќа, ќе изградат голем паркинг и влез во градскиот парк.
- Во паркот ќе овозможиме да се развива т.н. семеен туризам, со оглед на тоа што во најмалку 300 километри радиус од Скопје ваков тип на забавен парк и целосен концепт не постои, заклучи Шилегов. мс/сп/