• сабота, 21 декември 2024

Шефот на либанската дипломатија тврди дека лидерот на Хезболах е убиен откако се согласи на прекин на огнот

Шефот на либанската дипломатија тврди дека лидерот на Хезболах е убиен откако се согласи на прекин на огнот

Бејрут, 3 октомври 2024 (МИА) – Шефот на либанската дипломатија Абдала Бу Хабиб во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека поранешниот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, е убиен веднаш откако се согласил на привремен прекин на огнот со Израел.

Примирјето, кое вклучуваше 21 ден, беше предложено од САД, Франција и другите сојузници, наведува Си-Ен-Ен.

-Тие ни рекоа дека г-дин Нетанјаху се согласил на ова и така ние исто така добивме согласност од Хезболах за ова и знаете што се случи оттогаш, изјави либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб за Си-Ен-Ен.

Тој во интервјуто рече дека Либан се согласил на прекин на огнот преку преговорите на Хезболах, а за тоа ги информирале Американците и Французите.

За оваа тема зборуваат и други либански официјални лица.

-Хезболах ја потпиша оваа заедничка изјава што беше објавена а која се повикува на прекин на огнот, 21-дневен прекин на огнот, и веднаш откако почна да бара дипломатско решение според резолуцијата на Советот за безбедност, изјави амбасадорот Рами Мортада за Би-Би-Си.

„Бевме на вистинскиот пат обидувајќи се да разговараме за дипломатска алтернатива на сегашниот ќорсокак, но загреаните глави во Израел избраа поинаков пат“, додаде амбасадорот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан