• петок, 22 ноември 2024

Шефот на Алфа Таури: Гасли може да се врати во Ред Бул ако продолжи да вози на ист начин

Шефот на Алфа Таури: Гасли може да се врати во Ред Бул ако продолжи да вози на ист начин
Лондон, 18 февруари 2021 (МИА) - Првиот човек на Алфа Таури, Франц Тост, зборуваше за победата на Пјер Гасли на трката за ГН на Италија 2020 година и рече дека возачот можеби ќе има можност да се врати во Ред Бул. - Се разбира, се надеваме на нова победа како минатата година - тоа отсекогаш била наша цел. Но, разбираме дека тоа е невозможно во нормални услови. Во Монца имавме брз автомобил, Гасли пилотираше совршено, без никакви грешки, но имавме голема среќа со казната на Хамилтон. Мислам дека е среќен што останува тука. Тој го сака тимот, а ние му веруваме. Но, доколку Пјер продолжи да пилотира оваа сезона како што тоа го стори во 2020 година, тој дефинитивно ќе има шанса да се врати во Ред Бул или да се пресели во друг силен тим. Тој има сè за да биде успешен, рече Тост во интервју за „Ла Газета дело Спорт“. Новата сезона во Светскиот шампион во Формула 1 ќе започне на 21 март со трката за Големата награда на Австралија. зс/

Остани поврзан