• понеделник, 23 декември 2024

Шест милиони заштитни маски, наменети за Германија, исчезнале на аеродром во Кенија

Шест милиони заштитни маски, наменети за Германија, исчезнале на аеродром во Кенија
Берлин, 24 март 2020 (МИА) - Шест милиони заштитни маски, кои биле наменети за Германија, исчезнале на аеродром во Кенија, пишува денеска весникот „Шпигел“. Маските биле порачани од германската армија и требало да пристигнат во земјата на 20 март. Портпарол на германското Министерство за одбрана ја потврди информацијата за весникот, но појасни дека Германија нема да има финансиски загуби бидејќи маските треба да се платат дури откако ќе бидат доставени во земјата. Пред неколку денови германската новинска агенција ДПА објави дека крадци извршиле грабеж во Германија на 50.000 заштитни маски. Во последните 24 часа во Германија се потврдени нови 4.764 заразени случаи со коронавирус, со што вкупниот број достигна 27.436 лица. гт/

Остани поврзан