Шест медали за македонските традиционални каратисти на шампионатот во Перу
- Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на ИТКФ светскиот куп за деца во Лима, Перу освојувајќи три златни, два сребрени и еден бронзен медал.

Лима, 10 ноември 2024 (МИА) - Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на ИТКФ светскиот куп за деца во Лима, Перу освојувајќи три златни, два сребрени и еден бронзен медал.
Софија Јарчевска освои две први места во кати и кихон ипон кумите за деца од 12-13 години до зелен појас, Филип Недев освои прво место во кати и трето место во кихон ипон кумите за деца 10-11 години до црн појас, а пак Камелија Недев освои 2 место во кати за деца од 12-13 години до црн појас.
Ката тимот во состав: Камелија Недев, Филип Недев и Софија Јарчевска освоија второ место за деца од 12-13 години.
На првенството учествуваа преку 500 каратисти од целиот свет. зс/
Фото: ЕПА