• петок, 05 декември 2025

Швјонтек го освои турнирот во Сеул

Швјонтек го освои турнирот во Сеул

Сеул, 21 септември 2025 (МИА) – Полската тенисерка Ига Швјонтек денес ја совлада руската тенисерка Екатерина Александрова со 2:1 во финалето на турнирот во Сеул, Јужна Кореја.

Во првиот сет Швјонтек освои само еден гем (1:6), но потоа беше поуспешна и со 7:6 и 7:5 дојде до трофејот.

Мечот траеше 2 часа и 46 минути.

Награден фонд на турнирот во Сеул изнесуваше еден милион долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан