• петок, 22 ноември 2024

Шварценегер критикуван за пораката во Книгата за гости во Аушвиц

Шварценегер критикуван за пораката во Книгата за гости во Аушвиц

Варшава, 29 септември 2022 (МИА) - Арнолд Шварценегер се најде на удар на критиката затоа што ја употреби неговата можеби најпозната филмска реченица, при потпишувањето во Книгата за гости во Аушвиц во Полска...

Меморијалниот центар Аушвиц сподели низа објави за настанот, вклучително и пораката на глумецот во книгата на гости. Таа сега го содржи неговиот потпис и неговата позната реплика од филмот „Терминатор“ - „Јас ќе се вратам“ (I'll be back). Поради ова, покрај поострите критики, некои коментираа и дека иако тој не мислел ништо лошо, ова писание не е соодветно за местото каде што се нашол, па неговиот потег, или можеби - шега, е оценета како „невкусна“ и „непримерна“. Шварценегер го посети нацистичкиот логор во Полска како дел од неговата работа со Еврејскиот центар „Аушвиц“ што како фондација се обидува да едуцира против сите облици на омраза. При патувањето, тој оствари средба со преживеани од Холокаустот, меѓу кои и жена врз која, кога била дете, експериментирал озлогласениот нацистички медицинар Јозеф Менгеле. - Ова е приказна што мора да остане жива. Ова е приказна која мора да ја раскажуваме повторно и повторно. Јас сум син на човек кој се борел во нацистичката војна, на војник... Ајде заедно да се бориме со предрасудите и да ги искорениме еднаш засекогаш. Арнолд во јуни доби награда од организацијата „Борба против омразата“ (Fighting Hatred) за неговите пораки против омраза на интернет.  си/сд/

Остани поврзан