• сабота, 23 ноември 2024

Шварценегер: Веганската исхрана ми го подобри здравјето

Шварценегер: Веганската исхрана ми го подобри здравјето
Лос Анџелес, 23 февруари 2022 (МИА) - Легендата на бодибилдингот, Арнолд Шварценегер раскажа дека последниве пет години се храни главно со растителна исхрана и дека тоа значително му го намалило холестеролот и му го подобрило севкупното здравје, правејќи го и да се чувствува помлад. Шварценегер рече дека околу 80 отсто од она што го јаде сега е веганско, но има повремени исклучоци виенски стек... Одвојувањето на задоволствата во вашата исхрана може да ви помогне да избегнете ограничувања и да ви помогне да ја одржувате диетата подолго, нагласува глумецот-бодибилдер. Тој отворено зборува дека тоа му помогнало да се чувствува „општо поздраво и помладо“ и дека промената му помогнала да го намали нивото на лошиот холестерол, кој се поврзува со поголема опасност од срцеви заболувања. - Моето ниво на лош холестерол е толку ниско што мојот лекар помисли дека сум друг човек, рече Шварценегер. Одредена животинска храна, како што се масното месо, преработеното месо и млечните производи - како што е сирењето, исто така се поврзани со покачен холестерол. Спротивно на тоа, зеленчукот, особено лиснатиот и, храната во цели зрна, како бобинки и јаткасти плодови може да помогне во намалувањето на холестеролот. Освен тоа, 74-годишниот глумец и натаму редовно тренира.  си/

Остани поврзан