Шаќири ја презеде од Царовска функцијата министер за образование и наука
- Јетон Шаќири денеска ја презеде од Мила Царовска функцијата министер за образование и наука во новиот состав на Владата.

Скопје, 17 јануари 2022 (МИА) - Јетон Шаќири денеска ја презеде од Мила Царовска функцијата министер за образование и наука во новиот состав на Владата.
-На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири, му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата, напиша Царовска на својот фејсбук-профил.
Шаќири е кадар на ДУИ и досега ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација
Тој на Фејсбук напиша дека Царовска го информирала за предизвиците, проблемите и процесите кои се почнати во Министерството за образование и наука.
- Ја преземам оваа задача со целосно познавање на предизвиците кои претстојат и силна убеденост во патот по кој треба да одиме. Ќе дадам се од себе за образованието, граѓаните и државата, напиша Шаќири на Фејсбук. хс/дма/
