• понеделник, 08 јули 2024

Шахпаска ќе посети семејство во Демир Хисар, корисник на услугата нега и грижа во домот

Шахпаска ќе посети семејство во Демир Хисар, корисник на услугата нега и грижа во домот
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски денеска ќе извршат увид во имплементацијата на социјалната услуга – нега и грижа во домот. Оваа услуга е дел од социјалната реформа што ја спроведува Владата, во соработка со општините. Како што е најавено, Шахпаска и Стојановски ќе извршат увид во домот на семејство од општина Демир Хисар, корисник на услугата нега и грижа во домот. ​ Носител на лиценцата за оваа социјална услуга е Црвениот крст на Демир Хисар. мд/цр/

Остани поврзан