• недела, 22 декември 2024

Шахин: Кина може да придонесе за развојот на Авганистан

Шахин: Кина може да придонесе за развојот на Авганистан

Кабул, 20 август 2021 (МИА) - Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин за кинеската телевизија ЦГТН (China Global Television Network) изјави дека Кина може да има конструктивна улога во помирувањето во Авганистан и во обновата на земјата.

- Кина е голема земја со огромна економија и капацитети, мислам дека може да одигра многу голема улога во обновата и рехабилитацијата на Авганистан, истакна Шахин.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји минатиот месец одржа состанок со талибанците во севернокинескиот град Тианџин и изрази надеж дека Авганистан може да води умерена исламистичка политика.

Кина може да го искористи фактот што за разлика од Русија и од САД нема војувано во Авганистан.

Авганистан се граничи со западниот кинески регион Ксинџијанг, претежно населен со муслиманско ујгурско етничко малцинство, а Кина се соочува со обвинувања од западните земји, како што се САД, дека извршила геноцид врз таа заедница.

Кина одамна е загрижена дека територијата под контрола на Талибанците ќе се користи како прибежиште од сепаратистичките сили на Ујгурите. ми/

Остани поврзан