Шарлот ја освои Летната НБА лига
- Шарлот го победи Сакраменто со 83:78 во последниот натпревар од Летната лига на НБА.
Лас Вегас, 21 јули 2025 (МИА) - Шарлот го победи Сакраменто со 83:78 во последниот натпревар од Летната лига на НБА.
Ова е шеста победа на Хорнетс во исто толку натпревари, по што тимот го освои летниот турнир.
Сакраменто е на второто место со пет победи во шест натпревари.
Два тима од Летната лига не успеаја да победат во ниту еден натпревар: Њу Орлеанс и Орландо. зс/
Фото: ЕПА