• петок, 22 ноември 2024

Шарлот постигнаа 51 поен во првата четвртина на натпреварот со Милвоки и го повтори рекордот во НБА

Шарлот постигнаа 51 поен во првата четвртина на натпреварот со Милвоки и го повтори рекордот во НБА

Милвоки, 7 јануари 2023 (МИА) – Екипата на Шарлот хорнетс ја доби првата четвртина од мечот против Милвоки бакс со резултат 51:28.

Така, Хорнетс го повторија рекордот на Голден Стејт вориорс за учинок во почетната четвртина од натпреварот. Бранителот на титулатаво НБА-лигата исто така постигна 51 поен против Денвер на 15 јануари 2019 година.

Тери Розиер беше најефикасен во тимот на Шарлот со 39 поени од кои 17 поени во првата четвртина.

Натпреварот заврши со победа на Хорнетс 138:109.

За Шарлот ова беше само 11 победа на 40 натпревари, додека Милвоки го претрпе 14 пораз во 39 натпревари од регуларниот дел на НБА-лигата. зс/

Остани поврзан