• понеделник, 23 декември 2024

Шариф: Пакистан ќе увезува евтина руска нафта

Шариф: Пакистан ќе увезува евтина руска нафта

Исламабад, 27 април 2023 (МИА) - Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека е постигнат договор Пакистан да ја добие првата пратка руска нафта по намалена цена.

„Додека зборуваме, руската нафта се товари за да биде испратена овде“, рече премиерот во парламентот.

Според договорот, Пакистан ќе купува само сурова нафта, а не нафтени деривати.

Министерот за нафта Мусадик Малик минатата недела потврди дека Пакистан ја купил првата пратка руска сурова нафта по намалена цена.

Исламабад сака да увезува 100.000 барели дневно доколку првата трансакција се одвива без проблеми.

Првата пратка најверојатно ќе пристигне во пристаништето Карачи во мај. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан