• петок, 05 декември 2025

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром тешко до победата против дебитантот Маџари

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром тешко до победата против дебитантот Маџари

Скопје, 3.октомври 2025 (МИА) – Првакот МЗТ Скопје Аеродром со победа 77:70 ја почна одбраната на титулата. „Сино-белите“ на домашен терен го совладаа дебитантот во Супер лигата тимот на Маџари – 77:70 (27:25; 16:15; 17:15; 17:15).

Екипата на Маџари беше рамноправна во текот на целиот натпревар, но сепак во завршницата првакот не дозволи изненадување.

Чарли Гил од МЗТ Скопје Аеродром беше најефикасен со 22 поена.

Од стартното коло утре се игра дуелот: Гостивар – Тиквеш, додека другите дуели се на програмата во недела, а двојките се: Феникс – Ангели, Чаир – МКК Куманово, Кожув – ТФТ и Работнички – Пелистер. мн/

Фото: КФСМ

Остани поврзан