Шакира и Жерар Пике ја продаваат вилата
- Сликите од здането, коишто се појавија на интернет, даваат поглед во домот на познатата поранешна двојка. Цената се очекува да биде меѓу 12 и 14 милиони евра.

Барселона, 16 ноември 2022 (МИА) - Откако колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике постигнаа договор за нивната разделба, наводно се согласиле и да ја продадат својата раскошна вила во којашто живееја заедно во Барселона, објави „Социјалите“.

Вилата од 380 квадратни метри се наоѓа во Есплугес де Јобрегат - приватна област на околу половина час возење од центарот на градот. Сликите од здането, коишто се појавија на интернет, даваат поглед во домот на познатата поранешна двојка. Цената се очекува да биде меѓу 12 и 14 милиони евра.
Вилата има и мало фудбалско игралиште изградено од Пике, а и свое студио за снимање и вежбалница.