• петок, 22 ноември 2024

Чолаку: Мишел ми ја потврди поддршката за пристапот на Романија во Шенген

Чолаку: Мишел ми ја потврди поддршката за пристапот на Романија во Шенген

Брисел, 1 септември 2023 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на денешната средба во Брисел со романскиот премиер Марсел Чолаку ја потврдил својата поддршка за пристапот на Романија во Шенген зоната, пренесуваат романските медиуми.

Двајцата се сретнале утрово за време на првата посета на Марчел Чолаку на Брисел по преземањето на функцијата премиер во јуни.

-Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ми ја потврди целосната поддршка за пристапот на Романија во Шенген зоната. Тој е еден од големите пријатели на нашата земја и му благодарам за неговата постојана, цврста и енергична поддршка, рече Чолаку.

Тој додаде оти се согласиле дека легитимната одлука во корист на Романија е најдобриот „противотров“ за смирување на тензиите од сегашната акумулација на фактори кои би можеле да го зајакнат евроскептицизмот во источната зона на континентот.

-Претседателот Шарл Мишел се заблагодари и на Романија за силната поддршка што нашата земја ја нуди на Украина и на Република Молдавија. Ова е потврда дека Романците со факти докажуваат што значи солидарност. Затоа, се надевам дека и Европа со одлука во корист на Романија за прашањето за Шенген ќе докаже дека европската солидарност постои во реалноста, а не само во официјалните изјави, нагласи романскиот премиер.

Подоцна денеска тој ќе има средби со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. мс/

фото: Фејсбук/Марчел Чолаку

Остани поврзан