• понеделник, 10 март 2025

Членството во СЕПА ќе овозможи заштеда од 50-60 милиони евра на граѓаните, вели премиерот

Членството во СЕПА ќе овозможи заштеда од 50-60 милиони евра на граѓаните, вели премиерот

Скопје, 7 март 2025 (МИА) – Членството Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) што претставува европската евро платежна зона за граѓаните и државата ќе значат финансиски придобивки во милиони евра поради тоа што нема да се плаќаат трошоци и провизии. Ова е оцената на премиерот Христијан Мицкоски денеска од настан во скопската општина Кисела Вода на новинарско прашање за значењето на СЕПА, иницијатива на ЕУ за поедноставна процедура за уплата и исплата во евра.

- Конечно како држава влеговме во како би се нарекла таа Европската евро платежна зона. Тоа значи дека нашата дијаспора којашто има сметка во една од банките во европската унија. Кога ќе префрли а дотација, овде кај нас на некое физичко лице коешто има своја сметка на некоја во некои од комерцијалните банки, тој веднаш ќе биде направено без да се чека со денови и без дополнителни трошоци, проценти. А ако имаме предвид дека тие дотации на годишно ниво се можеби повеќе од 1 милијарда сметајте дека граѓаните ќе заштедуваат меѓу 50-60 милиона евра, рече Мицкоски.

Според премиерот, износот од 50-60 милиони евра е истиот што државата сега треба да го враќа во стопанството поради воведениот данок на солидарност од претходната Влада, кој беше укинат од Уставниот суд.

- Тоа е онолку, колку што преку данокот на луксуз или како и го нарекоа СДСМ, го земаа од граѓаните, а сега треба ние како влада да го плаќаме како резултат на одлуката на Уставниот суд. Годишно толку ќе се заштедуваат граѓаните и веднаш парите ќе гледаат на својата сметка. Нема да чекаат како досега со денови. Тоа го направи оваа влада. Тимот којшто беше вклучен, јас им честитам на сето ова исто така би сакал да ја истакнам улогата на Народната банка. И сето ова се ширеше со еден успешен процес, којшто претходната влада воопшто не го имаше во својот периметар за одлучување. Ние еве за период од осум месеци успеавме, рече Мицкоски.

Тој посочи дека со членството во СЕПА, државата јасно кажува на Европа и на светот дека втора стратешка цел, покрај членството во НАТО е членството во Европската Унија. ас/нд/

Фото: Влада 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан