Чистење делови од Градскиот пазар во Кочани
- Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и службите од Општина Кочани денеска работеа на расчистување на делови од Градскиот пазар.
Кочани, 17 ноември 2025 (МИА) - Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и службите од Општина Кочани денеска работеа на расчистување на делови од Градскиот пазар.
Активноста е со цел да се исчисти околината на јавниот тоалет од обраснатата вегетација и да се создадат оптимални услови за негова реконструкција.
Брза интервенција за поправка на лошата состојба во која се наоѓаат јавните тоалети во Градскиот пазар побара градоначалникот Владко Грозданов при неодамнешниот увид на функционирањето на пазарот во Кочани.
Комуналните служби ги уредуваа и зелените површини на влезот на градот од правец на населбата Прокарка. ис/бк/
фото: Општина Кочани