Чешкиот Парламент изгласа доверба на Владата
- Чешкиот Парламент синоќа не изгласа недоверба на Владата откако комунистите не го поддржаа барањето на другите опозициски партии за смена на премиерот Андреј Бабиш, неколку месеци пред општит
Прага, 4 јуни 2021 (МИА) - Чешкиот Парламент синоќа не изгласа недоверба на Владата откако комунистите не го поддржаа барањето на другите опозициски партии за смена на премиерот Андреј Бабиш, неколку месеци пред општите парламентарни избори.
Двете опозициски коалиции, кои ќе бидат главни конкуренти на партијата на Бабиш, АНО, на изборите во октомври, повикаа на гласање недоверба поради „лошото управување на владата со епидемијата на коронавирусот и за истрага против Бабиш за наводен судир на интереси“.
„Владата ја нема нашата доверба, но уште помалку ја имаат десничарските (опозициски) партии. Затоа, ние нема да учествуваме во овој бесмислен спектакл", рече комунистичкиот лидер Војтех Филип за време на дебатата.
За недоверба на Владата гласаа 89 пратеници.
Според анкетите на јавното мислење, АНО на Бабиш заостанува зад либералната коалиција на „Пиратската партија“ и „Партијата на градоначалникот“, а коалицијата на десниот центар СПОЛУ е исто така многу близу. Двете коалиции би можеле, според анкетите, да освојат мало мнозинство во Парламентот доволно за да формираат влада на изборите во октомври. паг/