Чеченските муслимани го прогласија Стејт департментот за терористичка организација
- Духовната управа на муслиманите во Чеченија го прогласи Стејт департментот за терористичка организација, откако САД воведоа санкции против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и неговото семејство

Грозни, 22 јули 2020 (МИА) - Духовната управа на муслиманите во Чеченија го прогласи Стејт департментот за терористичка организација, откако САД воведоа санкции против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и неговото семејство, се вели во специјалното соопштение објавено на страницата на организацијата Инстаграм.
Како што се наведува, Духовната управа на муслиманите е огорчена поради одлуката за санкции и смета дека рестриктивните мерки „биле воведени против исламот и чеченскиот народ воопшто“.
Стејт департментот го вклучи чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на „црниот список“ поради неговата наводна вмешаност во кршење на човекови права. јт/