• недела, 22 декември 2024

Чеченскиот лидер Кадиров се повлекува од функцијата

Чеченскиот лидер Кадиров се повлекува од функцијата
Грозни, 3 септември 2022 (МИА) - Лидерот на рускиот регион Чеченија, Рамзан Кадиров денеска најави дека планира да земе „неограничена и долга“ пауза од својата функција. Тој владее со Чеченија од 2007 година и е лидер со најдолг стаж во тој руски регион. - Сфатив дека веќе долги сум на функција. Мислам дека дојде моето време (да ја напуштам власта), објави 45-годишниот Кадиров на Телеграм. Кадиров, кој е близок со рускиот претседател Владимир Путин, не наведе што ќе работи откако ќе се повлече од функција. Чеченија под негово владеење е обвинета за масовно кршење на човековите права. Кадиров во март наводно отпатувал во Украина, а има тврдења дека членови на неговата борбена полиција се борат заедно со руската армија. ми/

Остани поврзан