• недела, 12 мај 2024

Чеферин: Саудијците прават грешка, купувањето играчи на крајот на кариерата не го развива фудбалот

Чеферин: Саудијците прават грешка, купувањето играчи на крајот на кариерата не го развива фудбалот

Нион, 18 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин смета дека саудиските клубови прават грешка со трошење пари на ѕвезди во поодминати години.

 

- Дали се плашам од егзодусот на играчите таму? Не не не. Мислам дека ова е вина на саудискиот фудбал. Каде го гледам проблемот? Треба да вложуваат во академии, да донесат тренери и да ги развиваат своите играчи. Купувањето играчи на крајот на кариерата не го развива фудбалот. Истата грешка беше направена во Кина кога масовно донесоа играчи кои ги завршуваа своите кариери, изјави Александар Чеферин.

 

Патот на големите фудбалски ѕвезди кон Саудиска Арабија го отвори Кристијано Роналдо со трансферот во Ал-Наср. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан