Четирикратната олимписка шампионка Титмус на25 години ја заврши кариерата
- Четирикратната олимписка шампионка во пливање, Австралијката Аријарн Титмус, го објави своето пензионирање од пливањето на 25-годишна возраст, со порака дека „чувствува оти е вистинско време да се пензионира“, јавија денеска англиските медиуми.
Лондон, 16 октомври 2025(МИА) – Четирикратната олимписка шампионка во пливање, Австралијката Аријарн Титмус, го објави своето пензионирање од пливањето на 25-годишна возраст, со порака дека „чувствува оти е вистинско време да се пензионира“, јавија денеска англиските медиуми.
„Тешка одлука, но со која сум навистина среќна. Отсекогаш сум го сакала пливањето, тоа ми е страст уште од детството“, напиша Титмус на Инстаграм.
Титмус направи пауза по Олимписките игри во Париз минатата година, за време на кои, како што изјави, сфати дека „некои работи во животот што отсекогаш ѝ биле важни сега станале уште поважни од самото пливање“.
Светската рекордерка на 200 метри слободно ја завршува својата кариера со 32 медали, вклучувајќи осум олимписки медали.
Двократна олимписка шампионка на 400 метри слободно, Титмус триумфираше во таа дисциплина во Токио 2021 година и во Париз лани. Титмус, исто така, освои злато на 200 метри слободно во Токио, додека во Париз беше дел од австралискиот штафетен тим кој освои злато на 4×200 метри слободно.ег
ФОТО: ЕПА