• сабота, 21 март 2026

Четворица загинати и 20 повредени во ирански ракетен напад во Беит Шемеш

Четворица загинати и 20 повредени во ирански ракетен напад во Беит Шемеш

Ерусалим, 1 март 2026 (МИА) – Четворица луѓе загинаа во напад на иранската балистичка ракета во Беит Шемеш, во близина на Ерусалим, соопшти амбулантната служба „Маген Давид Адом“ (МДА).

МДА информира дека околу 20 други лица се повредени во нападот, вклучувајќи двајца кои се во критична состојба.

Војската соопшти дека испратила сили за пребарување и спасување и медицински лица на местото на настанот, заедно со хеликоптер за да помогне во евакуацијата на повредените. јт/

Фото: МДА на Х скриншот

Остани поврзан