• петок, 10 мај 2024

Честитка од Џафери по повод Божик

Честитка од Џафери по повод Божик
Скопје, 7 јануари 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитки до православните верници по повод големиот христијански празник Божиќ.
 
- Божиќ е уште една прилика да се почувствуваат топлите прегратки, да се видат широки насмевки и да се чујат убави и благородни мисли на взаемна почит, разбирање, сочувство и солидарност, а тие се неопходни во овие времиња на предизвик за човештвото и светот воопшто. Нека нѐ водат позитивни мисли, нека бидат повод да правиме добри дела, заедно, и индивидуално, напиша Џафери во честитката објавена на Фејсбук. бак/

Остани поврзан