Честитка од Пендаровски по повод празникот Свети Сава
Скопје, 27 јануари 2023 (МИА) - По повод празникот Свети Сава, претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на српската заедница во државата.
- Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија, најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Северна Македонија - Свети Сава и да ви посакам големиот празник да го поминете во хармонија, радост и среќа. Празнувањето на духовникот Свети Сава е дополнителен мост за наше културно поврзување со соседна Република Србија, но и особено значаен дел од мозаикот на македонското мултикултурно и мултиетничко општество, се наведува во честитката од претседателот до граѓаните од српската заедница.
Пендаровски им се заблагодарува на сите припадници на српската заедница во земјава, за нивниот придонес во сите сфери на општественото живеење и во градењето демократска, просперитетна и заедничка татковина на сите. бд/лв/