• недела, 22 декември 2024

Честитка од Мицкоски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од Мицкоски по повод празникот Свети Климент Охридски

Скопје, 8 декември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски во која пишува дека ликот и делото „на нашиот голем народен светител и просветител се силно врежани во македонската историја“ и дека „на овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело“.

-Св. Климент Охридски го упати народот во верата и го издигна на образовно, морално и духовно поле.
Св. Климент Охридски е основоположникот на Македонска православна црква и на нашата писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на многу луѓе кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со силна вера, дисциплина и посветеност, ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов, наведува претседателот на Владата.

Во честитката тој порачува дека денес „кога се соочуваме со бројни предизвици, потребно е да го следиме неговото дело кога со сплотеност и единство ги надминуваше и најсилните пречки“.

-Свети Климент стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идното време. Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски, напиша Мицкоски во честитката. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан