Честитка од Минчев: Илинден не е само историја, тоа е и обврска да градиме институции - праведни, ефикасни и достапни за граѓаните
- -Овој ден е симбол на нашата државност, гордост и непокор, ден кога се поклонуваме пред храброста на нашите предци, кои во Крушево и на АСНОМ ги поставија темелите на современата македонска држава, слободна, суверена и демократска. Илинден не е само историја. Тоа е постојана обврска за сите нас, особено за оние што сме избрани да служиме на граѓаните. Обврска да градиме институции што ќе бидат праведни, ефикасни и достапни. Обврска да ја продолжиме борбата за еднаквост, слобода и достоинство – секој ден, во секоја постапка, во секоја одлука, се наведува во честитката.
Скопје, 2 август 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев во име на Министерството и во негово лично име, упати честитка по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката.
-Овој ден е симбол на нашата државност, гордост и непокор, ден кога се поклонуваме пред храброста на нашите предци, кои во Крушево и на АСНОМ ги поставија темелите на современата македонска држава, слободна, суверена и демократска. Илинден не е само историја. Тоа е постојана обврска за сите нас, особено за оние што сме избрани да служиме на граѓаните. Обврска да градиме институции што ќе бидат праведни, ефикасни и достапни. Обврска да ја продолжиме борбата за еднаквост, слобода и достоинство – секој ден, во секоја постапка, во секоја одлука, се наведува во честитката.
Како Министерство за јавна администрација, се додава во честитката од Минчев, цврсто стоиме на патот на реформите што ќе ја направат нашата администрација поевропска, потранспарентна и почесна.
-Напорно работиме за администрација која ќе биде сервис на граѓаните и за институции што ќе ја штитат правдата, а не интересите на поединците. Илинден е и потсетник дека промените не доаѓаат сами по себе. Тие бараат храброст, визија и заедништво. Токму тие вредности треба да нè водат и денес, додека ја обликуваме Македонија како земја што ќе ги задржи младите, ќе ги врати иселените и ќе ги обедини сите нејзини граѓани под заеднички идеали. Нека е честит Денот на Републиката!, стои во честитката од министерот Горан Минчев. вг/
Фото: Министерство за јавна администрација