• недела, 22 декември 2024

Честитка од Министерството за јавна администрација по повод 13 Ноември - Ден на ослободувањето на Скопје

Честитка од Министерството за јавна администрација по повод 13 Ноември - Ден на ослободувањето на Скопје

Скопје, 13 ноември 2024 година

На овој значаен ден, 13 Ноември, со гордост и почит го одбележуваме денот на ослободувањето на нашиот главен град, Скопје.

 

Денес се потсетуваме на храброста и пожртвуваноста на оние кои се бореа за слободата и иднината на нашата татковина.

 

Скопје е град на историја, но и на современост, на култура, солидарност и развој.

 

На овој ден, се обврзуваме дека ќе продолжиме да работиме на неговиот напредок, на создавањето на подобри услови за сите нас и за генерациите кои доаѓаат.

 

Нека ни е честит 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје!
 
Ви благодариме.
 
Со почит, 


Кабинет на Министер за јавна администрација

Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија

 

Остани поврзан