• петок, 05 декември 2025

Честитка од министерот Минчев по повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Скопје

Честитка од министерот Минчев по повод 13 Ноември -  Денот на ослободување на Скопје

Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев, по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка во која вели дека 13 Ноември е ден кога се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и борбата на генерациите кои го ослободија Скопје и ја поставија темелната вредност на која се гради современиот дух на нашиот главен град - слободата.

- Овој ден не потсетува дека слободата се негува и брани секојдневно со работа, со труд, почит и одговорност кон заедницата. Скопје, град на солидарноста и културата, денес расте и се развива во модерен европски центар, а наша заедничка обврска е да продолжиме да го унапредуваме неговиот дух, преку подобри институции, јавни услуги и отворено управување, истакнува Минчев.

Министерството за јавна администрација, како што нагласува  Минчев, е посветено на создавање поефикасни, транспарентни и современи услуги што ќе придонесат кон подобар живот за скопјани и сите граѓани на нашата држава. дма/са/

Фото: Министерство за јавна администрација

Остани поврзан