• четврток, 19 декември 2024

Честитка од министерот за јавна администрација Минчев по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од министерот за јавна администрација Минчев по повод празникот Свети Климент Охридски

Скопје, 8 декември 2024

Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.

Со чествување на овој ден го славиме споменот на нашиот прв учител и заштитник, основоположникот на Охридската книжевна школа и симболот на духовното и културното наследство на нашиот народ.

Нека неговото дело не инспирира за единство, мудрост и посветеност кон знаењето и доброто.

Со желба за мир, здравје и благосостојба за сите!


Горан Минчев, министер за јавна администрација

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан