• петок, 05 декември 2025

Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Скопје, 28 септември 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, по повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, упатува искрени честитики и порачува дека овој значаен ден не е само симболичен датум, туку и жив потсетник на истрајноста, културната самобитност и значајниот придонес на бошњачката заедница во севкупниот развој на македонското општество.

-Нејзиниот придонес во културата, образованието, економијата и јавниот живот претставува пример за вредности како што се соживот, дијалог и солидарност – вредности кои се од суштинско значење, се вели во честитката од Стоилковиќ.

Министерството за односи меѓу заедниците и понатаму останува цврсто посветено на промовирање и заштита на правата на сите етнички заедници, како и на создавање услови за посилна социјална кохезија и меѓуетничка интеграција – вредности што се суштински за стабилноста, просперитетот и инклузивноста на нашето општество.

-Меѓународниот ден на Бошњаците е повик и поттик – да продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина преку разбирање, еднакви можности и заемна почит. Во духот на овие вредности: Честит Меѓународен ден на Бошњаците, се вели во честитката од Стоилковиќ. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан