Честитка на директорката на КОВЗРГ Трајковска по повод празникот Христовото раѓање - Божиќ
- Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар по повод празникот Рождество Христово – Божиќ.
Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар по повод празникот Рождество Христово – Божиќ.
Трајковска на верниците им го честита Божиќ, со желби за мир, љубов и заедништво.
-Додека Божиќната светлина силно продира низ темнината, чистотата на Богомладенецот нека ја измие нашата душа, љубовта на Божјата Мајка нека се всели во секое срце и секоја твар со радост нека воскликне Христос се роди! Навистина се роди! Во светлината на Рождеството Христово, животот свој на Христа Бога да Му го предадеме, а Бог нека не укрепи да пребиваме во заедничка молитва и нека ни дава сили заеднички да стоиме на браникот на нашата Света и Соборна Црква!, вели директорката на КОВЗРГ во честитката.
Народе македонски православен, посочува Трајковска, да се сплотиме во единство, со вера и љубов меѓусебно.
-Да дозволиме љубовта на Христа Бога воплотениот нераскинливо да не поврзе и да не води кон светлата иднина на Македонија. А светлата иднина на Македонија се здрави семејства исполнети со љубов, меѓусебна почит и поддршка и многубројни поколенија на македонско тло. Драги браќа и сестри, да ги наполниме храмовите за Божиќ, со радост да си го честитаме празникот, да му покажеме на светот колкава вера и љубов во Македонија пребива и со достоинство да ја сочуваме домашната Црква- семејството. На многаја лета Рождество Христово - Божиќ!, вели директорката Трајковска во честитката.фф/са/
Фото: КОВЗРГ