• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Челси се согласи на трансфер на Жоао Педро од Брајтон

Челси се согласи на трансфер на Жоао Педро од Брајтон

Лондон, 30 јуни 2025 (МИА) - Челси се согласи на договор вреден 60 милиони фунти за трансфер на напаѓачот на Брајтон, Жоао Педро, откриваат британските медиуми.

Би-Би-Си и Скај Спортс објавија дека Педро ќе потпише седумгодишен договор.

Бразилецот се приклучи на Брајтон од Вотфорд во 2023 година и постигна 30 гола и 10 асистенции во 70 натпревари за време на неговиот двегодишен престој во клубот.

Педро би можел да дебитира во четвртфиналето на Светското клупско првенство во петок против Палмеирас во Филаделфија.

Челзи, кој ја победи Бенфика со 4-1 по продолженијата во Шарлот во саботата навечер и се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство, од крајот на минатата сезона потпиша со играчот од средниот ред Кендрик Паес, голманот Мајк Пендерс, крилниот напаѓач Естевао Вилијан, напаѓачот Лиам Делап и дефанзивецот Мамаду Сар.

Информациите од Германија велат дека „сините“ се подготвени да го комплетираат трансферот од 50 милиони фунти за крилниот напаѓач Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан