• четврток, 26 септември 2024

Чезаре Онестини нов генерален директор на ДГ ОРГ на ЕУ 

Чезаре Онестини нов генерален директор на ДГ ОРГ на ЕУ 

Брисел, 25 септември 2024 (МИА) - Актуелниот генерален директор за земјоделство, рибарство, социјални работи и здравство во Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ, Чезаре Онестини е именуван за нов раководител на Генералниот директорат за организациски развој и услуги (ДГ ОРГ) на Унијата. 

Како што соопшти денеска Советот на ЕУ, Италијанецот Онестини ќе ја преземе должноста генерален директор на ГД ОРГ на 1 јануари 2025 година, кога актуелниот директор Вилијам Шапкот заминува во пензија. 

До именувањето на нов генерален директор за земјоделство, рибарство, социјални работи и здравство во Генералниот секретаријат на Советот, Онестини ќе продолжи да ја извршува оваа должност. 

Генералниот директорат за организациски развој и услуги (ДГ ОРГ) на Советот на ЕУ е одговорен за организациски активности и услуги за поддршка, како протокол, организација на собири, човечки ресурси, логистика, финансии и обезбедување. сп/

Фото: Икс

Остани поврзан