• недела, 22 декември 2024

Чавушоглу на средба со Лавров, Украина и Сирија теми на разговор

Чавушоглу на средба со Лавров, Украина и Сирија теми на разговор
Анкара, 8 јуни 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара има средба со рускиот колега Сергеј Лавров, јави Анадолија. Планирано е да се разговара за билатералните односи, како и ситуацијата во Украина и во Сирија. „Продолжуваат интензивните разговори на високо ниво. Претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот (на Република Туркије) Реџеп Таип Ердоган, разговараа телефонски деветпати годинава“, се наведува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи. Во документот се истакнува дека продолжуваат и контактите меѓу руските и турските министерства и институции. „Министрите ќе разговараат и за ситуацијата во Украина, Јужен Кавказ, Блискиот Исток, Северна Африка, Централна Азија и за Црно Море. Двајцата министри ќе разговараат и за моменталната ситуација за време на кризата во Украина и ќе разменат мислења за можноста повторно да се почне со мировни преговори меѓу Русија и Украина“, пишува во соопштението. Ќе се разговара и за ситуацијата во Сирија. бд/јт/

Остани поврзан