• среда, 24 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола

ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола

Скопје, 13 август 2025 (МИА) - На територијата на државава денеска до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, три се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, како и во Октишка краст во општина Струга, во село Опае во општина Липково и во село Вирче во општина Делчево, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во село Радуша кон село Дворце во општина Сарај и во општина Арачиново, каде гори ниска вегетација, а во село Мало Илино
во општина Демир Хисар гори дабова шума. дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан